Ја надмина и таа со месо: Посебна мусака со туна готова за кратко

Ја надмина и таа со месо: Посебна мусака со туна готова за кратко

Направете посебна мусака со туна.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 1 конзерва туна
  • 1 шолја доматно пире
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 100 гр. ориз
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици масло
  • вегета, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се лупи компирот се сече на кругови и се ставаат зачини.
  2. Се пржи сечениот кромид на масло, а оризот се вари 10минути во солена вода.
  3. Се додава во кромидот исцедената туна, оризот и зачини.
  4. Се реди во огноотпорен сад, ред компири, па фил и се завршува со компир.
  5. Се става во рерна на 200 степени.
  6. Се пржи брашното на масло и се става доматното пире и шолја вода.
  7. Се остава да врие неколку минути, па се става преку на пола печениот компир и се остава да се допече додека не се направи кора и не се зарумени.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула