Меко и мирисно тесто, ќе го обожавате овој десерт!
Состојки:
- 250 мл вода
- 150 гр брашно
- 3 јајца
- коцак путер
- шеќер
- цимет
Начин
- Ставете вода во тенџере, додајте путер па кога ќе зоврие додајте брашно и измешајте со жица. Кога малку ќе се излади додавајте едно по едно јајце и мешајте тестото да биде глатко без грутки и пенасто. Во тенџере ставете масло да се загрее.
- Тестото ставете го во шприц за тулумби со помал отвор, па пржете ги чуросите додека не поруменат.
- Во чинија ставете малку шеќер измешан со шеќер во прав и додајте цимет. Чуросите извалкајте ги во шеќер и послужете ги топли.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука