Стар рецепт: Брзи селски уштипци (Видео)

Стар рецепт: Брзи селски уштипци (Видео)

Вкусни селски уштипци готови за миг!

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • масло или маст за пржење

Начин на подготовка:

  1. Со лажица размате го тестото од наведените состојки. Во половина од брашното ставете ги сите состојки и мешајте додека не ги соедините, а потоа доадјте го остатокот од брашното и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. 
  2. Во врелото масло или маст ставајте по лажица тесто. Лажицата секој пат потопувајте ја во масло со цел тестото да се лизга од неа. Пржете од секоја страна по 3-4 минути додека уштипците убаво не поруменат. Ринглата нека биде вклучена на средна температура за уштипците да се зготват рамномерно. 
  3. Готовите уштипци ставајте ги на харитена салфета која ќе го впие вишокот маснотии. 
  4. Јадете ги со солени или слатки филови.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*