Фантастична мирисна пита со дуњи

Фантастична мирисна пита со дуњи

Брза, вкусна и мирисна пита со дуњи…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 3 дуњи
  • 150 гр шеќер
  • малку цимет
  • 100 гр суво грозје
  • 200 мл кисела вода
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Дуњите исчистете ги и изрендајте ги, додајте шеќер, цимет, суво грозје и сè измешајте. 
  2. Раширете ја кората па намастете, ставете друга преку неа па намастете и малку пропрскајте со кисела вода, посипете со лажица гриз и распоредете дуњи. Преку неа трета кора и повторете ја постапката. 
  3. Свиткајте ги краевите и свиткајте во ролна и ставете во намастен плех. Така додека не го потрошите материјалот. 
  4. Премачкајте со масло и печете на 200 степени околу 35 минути убаво да порумени. Посипете со шеќер и кесичка ванилин шеќер. Пресечете и засладете се.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text