Од надвор крцкава, од внатре мека: Пржена скуша за 10 минути

Од надвор крцкава, од внатре мека: Пржена скуша за 10 минути

Идеален посен ручек кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 скуши
  • компир
  • оцет
  • масло
  • кромид
  • сол
  • сув магдонос
  • сок од 1 лимон
  • 2-3 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Маринадата подгответе ја така што во сокот од лимон ќе измешате лук и малку магдонос. Измешајте. Ставете во фрижидер. 
  2. Компир салатата направете ја така што компирите ќе ги обварите и ќе ги исечкате на коцки, па додајте исечкана главица кромид. Ставете малку сол, бибер, масло, оцет и магдонос. Ставете да се лади. 
  3. Рибата исчистете ја, добро измијте ја и посолете ја. Оставете да отстои 10 минути. 
  4. Рибата извалкајте ја во брашно. Во сад ставете масло и загрејте го. Мора да биде врело за рибата да не се залепи. Ставете ја во тава и пржете ја на умерена температура. 
  5. Пред крај уште малку запечете така што ќе ја засилите температурата. Запечете по вкус. Кога рибата ќе биде готова извадете ја на тацна на која ќе ја послужите. 
  6. Послужете со компир салата и маринада.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство