Посно поховање на риба – совршен начин (Видео)

Посно поховање на риба – совршен начин (Видео)

Овој начин на поховање е совршен. Од внатре рибата е мека, а кората крцкава.

Состојки:

  • 1 кг риба
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици палента
  • 1 лажица црвена пипер
  • 1 лажица сенф
  • 2 прстофати сол
  • малку бибер
  • 200-230 мл кисела вода
  • 200 гр презла
  • околу 600 мл масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Рибата исечкајте ја како што ви одговара, исушете ја во салфета и посолете ја.
  2. Направете смеса од сите наведени состојки освен презла. Парчињата риба прво извалкајте ги во подготвената смеса, па во презла.
  3. Пржете во врело масло. Послужете со маринада од лук, лимон, компир салата или помфрит.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта