Кнедли со сирење и гриз

Кнедли со сирење и гриз

Брзи и вкусни кнедли со сирење и гриз…

Состојки:

  • 500 гр швапско сирење
  • 7-8 лажици гриз
  • 4-5 лажици оштро брашно
  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Соединете ги сите состојки и ставете ги во фрижидер на час-два. 
  2. Со помош на две лажици обликувајте кнедли и спуштајте ги во врела вода, малку посолена. 
  3. Количината на гриз и брашно зависи од тоа колку сирењето е исцедено. Најдобро е прво да спуштите една кнедла во вода, па ако се распаѓа додајте брашно или гриз. 
  4. Кога кнедлите ќе бидат зготвени, извадете ги, исцедете ги и извалкајте ги во презла која сте ја пропржиле на малку масло или путер. 
  5. Послужете со шеќер, шлаг, компот…

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*