Бадникова погача со паричка – брз рецепт за празникот

Бадникова погача со паричка – брз рецепт за празникот

Направете вкусна бадникова погача со паричка.

Состојки:

  • 500 мл. вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 20 гр. свеж квасец
  • 500 гр. брашно + 100 за премесување
  • 1 лажиче сусам и ким

Подготовка:

  1. Се рони квасецот во топла вода, се става шеќер и се остава да се активира.
  2. Се додава пола брашно и се меша, па се става сол.
  3. Се става остатокот од брашното.
  4. Се остава двојно да нарасне, тестото треба да биде густо и лепливо.
  5. Ставете потоа брашно на работната маса и премесете го тестото.
  6. Земете тепсија и ставете хартија и малку брашно, обликувајте го тестото со рака како погача и ставете си паричка.
  7. Разматете 2 лажици вода со 1 лажиче сол и измачкајте ја погачата, па ставете и сусам и ким.
  8. Печете на загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*