Крцкава пита со јаболка: Најубавиот посен десерт (Видео)

Крцкава пита со јаболка: Најубавиот посен десерт (Видео)

Рецепт кој можат да го подготват и почетници…

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 300-350 гр брашно
  • малку квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • кора од лимон
  • 1 коцка посен маргарин
  • 2 поголеми јаболка
  • 100 гр мелени ореви
  • малку цимет
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр малини

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец и малку шеќер во малку млака вода, ставете го остатокот од водата па додајте брашно, сол, кора од лимон и замесете помеко тесто и оставете го покриено 20 минути. Јаболката изрендајте ги, додајте шеќер, малку цимет и мелени ореви. 
  2. Развлечете го тестото во правоаголник, премачкајте со маргарин и свиткајте во ролат. Развлечете со сукало повторно во правоаголник на средината ставете јаболка, а околу и во средината малини. 
  3. Рабовите исечете ги на ленти од едната и другата страна и свиткајте ги како што е прикажано во видеото. 
  4. Оставете да отстои 15 минути па намачкајте ја питата со масло и печете на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text