Готови за 5 минути: Урми полнети со бадеми

Готови за 5 минути: Урми полнети со бадеми

Полнетите урми можете да ги послужите топли со предјадење, а ако ги натопите во чоколадо и ако не ставите сол ќе добиете и слатка варијанта.

Состојки:

  • 12 урми
  • 12 бадеми
  • 2 лажици маслиново масло
  • сок од 1 лимон
  • морска сол

Начин на подготовка:

  1. Расечете ги урмите од едната страна и внимателно извадете ги коските, а наместо нив ставете бадеми. 
  2. На загреано масло пропржете ги околу 3 минути. Извадете ги од маснотијата и ставете ги на чинија за послужување. Потоа малку посолете ги и прелијте ги со сок од лимон.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text