Ова е трикот: Само вака ќе подготвите совршени варени јајца за руска салата

Ова е трикот: Само вака ќе подготвите совршени варени јајца за руска салата

Неизоставен дел од празничната трпеза е руската салата, како и другите салати во кои се ставаат јајца.

А како да бидете сигурни дека јајцата кои ги употребувате се свежи? Ако ви стојат некое време во фрижидер и не сте сигурни, секогаш можете да проверите дали се уште се добри за употреба и тоа на едноставен начин.

Ставете јајце во чаша со вода. Ако потоне до дното, јајцето е добро за консумирање, а ако остане на површина фрлете го.

Откако ќе бидете сигурни дека јајацата се свежи, ставете ги во лонец со вода. Нека водата ги прекрие јајцата околу 2 см и поклопете. Кога водата ќе зоврие, веднаш тргнете го лонецот од оган и оставете така поклопено да отстои 15 минути.

Водата истурете ја, јајцата веднаш ставете ги во студена вода и исчистете ги од лушпи.

singlepost_text