Царска баклава – се топи во уста

Царска баклава – се топи во уста

Направете царска баклава во вашиот дом.

Состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 4 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја сечени ореви
  • 1 шолја брашно
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 10 гр. цимет
  • 2 ванили
  • 125 гр. маргарин

Шербет:

  • 2 кеси ванила
  • 1 лажица кора од лимон
  • шеќер и вода 1:1

Подготовка:

  1. Се прави смеса за фил од јајцата со шеќер и ореви, брашно и прашок за пециво, цимет и ванили.
  2. Се делат корите на два дела.
  3. Се става на тава со масло пола од корите, па смеса за фил, па другата половина кори и се сечат триаголници.
  4. Се прелива со растопен маргарин.
  5. Се пече на 160 степени на загреана рерна додека не добие убава боја.
  6. Се прелива со шербет од 4 шолји вода со 4 шолји шеќер и 2 ванили со кора од лимон.
  7. Се вари 5 минути и се прелива.

Уживајте без грижа на совеста!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text