Мисиркино месо со сос од костени

Мисиркино месо со сос од костени

Вкусно мисиркино месо во неодолив сос од костени…

Состојки:

  • 200 гр мисиркино филе
  • 50 гр чадено сирење
  • 30 гр пипер
  • сол
  • бибер

Состојки за сос:

  • 300 гр костени
  • 150 гр пире од костени
  • 2 лажици путер
  • 60 гр кромид
  • 2 дл бело вино
  • 200 мл неутрална павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Филето премачкајте го со сирење и пипер и свиткајте го. Печете го 15 минути на 180 степени. 
  2. Згответе костени и излупете ги. На путер пропржете исечкан кромид, додајте костени и налијте со бело вино. Кратко динстајте и додајте пире од костени, павлака, сол и бибер. Изблендирајте. Прелијте преку месото и украсете, по желба, со цели костени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text