Посна обланда со портокал: Вкус кој не се заборава

Посна обланда со портокал: Вкус кој не се заборава

Обланда со портокал идеална за посните денови…

Состојки:

  • 1 обланда
  • 150 гр посни бисквити
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо
  • 200 гр посен маргарин
  • 200 мл сок од портокал и кора
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр ореви

Начин на подготовка:

  1. Исцедете портокали, изрендајте кора, додајте шеќер и исечкан маргарин и ставете на шпорет да зоврие.
  2. Во тоа додајте мелени бисквити и мелени ореви. Поделете на два дела, во едната половина додајте бело чоколадо, а во другата растопено црно чоколадо и добро измешајте.
  3. Филувајте ги обландите, темниот па светлиот фил помеѓу лист обланда додека не го потрошите материјалот. Од горе притиснете со тежок предмет и оставете 2-3 часа на студено место да стегне.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*