Совршен семеен ручек: Пилешки батаци со лук

Совршен семеен ручек: Пилешки батаци со лук

Овој оброк ќе ве воодушеви, сочен е и многу хранлив.

Состојки:

  • 4 пилешки батаци
  • 2 лажици маслиново масло
  • 20 гр лук
  • 100 мл пилешка супа
  • 80 мл бело вино
  • 50 мл јогурт
  • малку мајчина душица
  • сол
  • 1/4 лажичка мелен бибер
  • 1/4 лажичка црвена пипер
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во длабока тава загрејте масло. Додајте карабатаци, па пропржете ги од двете страни убаво да поруменат. Некои десетина минути. Потоа извадете ги и оставете ги на топло место. 
  2. На истата маснотија пропржете сечкан лук благо да порумени. Вратете ги потоа карабатаците во тава. Ставете супа, вино и јогурт. 
  3. Додајте мајчина душуца и сол по вкус, како и пипер и бибер. 
  4. Поклопете и оставете да крчка 10 минути. 
  5. Потоа ставете во загреана рерна убаво да се запече кожата, некои 15 минути. 
  6. Послужете со прилог печурки или ориз и посипете со магдонос пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text