Богата компир пица: Оброк за посните денови

Богата компир пица: Оброк за посните денови

Феноменален спој од вкусови…

Состојки:

  • 1 подлога за пица
  • 4 варени компири
  • 100 гр посен кашкавал
  • 1 домат
  • 1 главица кромид
  • сол
  • сув зачин
  • малку кечап
  • бибер
  • оригано
  • 3 чешниња лук
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. На подлогата прво изрендајте кашкавал и намачкајте малку кечап. Компирите во лушпа обварете ги, исечете ги на листови и наредете ги по кашкавалот. Помеѓу компирите ставете кромид и домати исечкани на кругови.
  2. Лукот ситно исечкајте го па ставете на компирите. Додајте малку зачини и сол, бибер и оригано. Повторно додајте малку кашкавал, пропрскајте со маслиново масло и печете на 220 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*