Посни сарми од блитва – вкусни се и топли и ладни

Посни сарми од блитва – вкусни се и топли и ладни

Направете вкусна посна сарма со листови од блитва.

Состојки:

  • 25 листови блитва
  • 200 гр. орис и моркови
  • 1 главица кромид
  • магдонос
  • 1 шолја масло
  • сол, бибер, црвен пипер, вегета
  • вода

Подготовка:

  1. Се мијат убаво листовите блитва и се киснат во врела вода.
  2. Се вади коренестиот дел од нив и се цедат, па се тргаат на страна.
  3. Се става на тава со масло исечен кромид и се пржи, па се додава оризот со ренданите моркови и се меша.
  4. Се додава црвен пипер, бибер и сол и се меша.
  5. Се става водата во која ја држевте блитвата со вегета.
  6. Не ставајте повеќе од две шолји.
  7. Се трга се става магдонос иситнет и се меша, па се лади.
  8. Се филуваат листовите блитва и се виткаат сармички.
  9. Се редат во сад за печење и се става останатата вода, до дојде до ивицата на сармите.
  10. Се остава во рерна на 200 степени и се крчка околу еден час.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте