Посна бела торта полна со чоколадо: Ќе барате парче повеќе

Посна бела торта полна со чоколадо: Ќе барате парче повеќе

Засладете се во деновите на пост…

Состојки:

  • 1 пакување розен кори
  • 1 л соино млеко со вкус на ванила
  • 3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
  • 200 гр бело посно чоколадо
  • 250 гр посен маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр печени мелени лешници
  • 800 гр посен шлаг

Начин на подготовка:

  1. Пудингот разматете го во малку ладно соино млеко (можете да додадете 2-3 лажици шеќер). Остатокот од соиното млеко ставете го да зоврие и згответе пудинг. Тргнете од оган и во врелиот пудинг измешајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека не се растопи. Оставете да се излади.
  2. Пенасто разматете маргарин со шеќер во прав. Изладениот пудинг соединете го со шеќер во прав во пенаста маса. Потоа додајте лешници и разматете уште малку.
  3. Посебно разматете посен шлаг со вода. Филувајте на следниов начин: кора – фил – посен шлаг, и така додека не го потрошите целиот материјал. Завршете со шлаг.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед