Чоко фантазија: Колач од обланди кој ќе ве воодушеви

Чоко фантазија: Колач од обланди кој ќе ве воодушеви

Направете вкусни чоко коцки и уживајте во секој залак.

Состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 25 лажици млеко
  • 25 лажици шеќер
  • 250 гр путер
  • 150 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр кокос
  • 200 гр бело чоколадо
  • 200 гр млечно црно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Измешајте во тенџере шеќер и млеко, па додајте путер и чоколадо и ставете на шпорет да се загрее и растопи. Измешајте, тргнете од оган, додајте мелени бисквити и кокос. Кога сè убаво ќе се соедини премачкајте го филот преку обландите.
  2. Обландата притиснете ја со тежок предмет за убаво да стегне, ставете ја малку во фрижидер. Потоа исечете на коцки па потопете во чоколадо црно и бело.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед