Јагнешко со јајца

Јагнешко со јајца

Вкусно јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 кг мелено јагнешко месо
  • 4 јајца
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица пире од домати
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • 25 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и пржете го на растопен путер додека не порумени. Додајте месо, добро измешајте и пржете неколку минути. Штом месото ќе пушти сок додајте пире од домати и сечкан лук, па продолжете да пржите додека не зоврие целиот сок.
  2. Посолете, побиберете, додајте магдонос, измешајте, па смесата ставете ја во огноотпорен сад намастен со малку путер. Смесата израмнете ја па со лажица направете вдлабнатини. Во секоја вдлабнатина скршете јајце и запечете во загреана рерна кратко. Посипете со магдонос и послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text