Брзи солени мафини – готови за 20 минути

Брзи солени мафини – готови за 20 минути

Вкусни и брзи солени мафини, ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 200 гр фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со масло и јогурт.
  2. Додајте сол и брашно измешано со прашок за печиво па разматете ја смесата со вилушка.
  3. Издробете фета па додајте ја во тестото и добро измешајте.
  4. Ставете во силиконски калапи за мафини.
  5. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text