Не го фрлајте бајатиот леб – направете деликатес кој се топи во уста

Не го фрлајте бајатиот леб – направете деликатес кој се топи во уста

Направете вкусен ручек со бајатиот леб од дома, наместо да го фрлите.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 мл. млеко
  • 200 мл. кисела вода
  • 80 мл. масло
  • 2 лажички песто сос
  • 150 гр. сирење
  • 150 гр. сувомеснато
  • малку сол и прашок за пециво
  • 1 стар леб
  • малку кашкавал

Подготовка:

  1. Се сече на мали делови лебот, па во сад се матат јајца со млеко и кисела вода со масло. Се става песто, прстофат прашок за пециво и сол.
  2. Се става лебот и се остава да впие и да се соедини.
  3. Се додава по потреба кисела вода ако ви е сув лебот.
  4. Се додава и изронетото сирење, па сеченото сувомеснато по избор.
  5. Се става во тепсија со хартија за печење.
  6. Се пече околу 30 минути на 200 степени, а пред крај се става кашкавал и се враќа да се стопи.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*