Мирис на пециво од рано наутро: Триаголници со сирење

Мирис на пециво од рано наутро: Триаголници со сирење

Што е поубаво од мирис на пита дома? Направете мини деликатесни пити.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 5 јајца
  • 200 гр. сирење
  • 50 мл. минерална вода
  • 3 лажици масло
  • 2 лажици кисело млеко
  • 3 белки за прелив
  • 200 мл. млеко за прелив

Подготовка:

  1. Се матат јајцата, се рони сирењето и се додава млеко и минерална вода и масло.
  2. Се меша убаво се, па се премачкуваат два плеха со масло.
  3. Земаме по две кори, ставаме фил и правиме триаголник.
  4. Ги ставаме во подмачканиот плех.
  5. Се матат белките со млеко и се преливаат питите со ова.
  6. Печеме на загреана рерна на 200 степени додека не добијат златна боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*