Посна чорба со спанаќ и коцки препечен леб

Посна чорба со спанаќ и коцки препечен леб

Вкусна и лесна оброк чорба со парчиња леб, одлична за време на пост или кога сакате помалку калорично јадење.

Состојки:

  • 1 морков
  • 1 компир
  • 150 гр свеж спанаќ
  • 1 мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр целер
  • 3 лажици масло
  • 1 коцка за супа (посна од зеленчук)
  • бибер
  • сол по вкус
  • 3 парчиња леб
  • 1,500 мл вода
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

  1. Морковот, целерот, компирот изрендајте ги и ставете ги во тенџере со кромид и лук. Пропржете на масло па додајте исечкан спанаќ, коцка за супа, прелијте со вода и гответе околу 15 минути.
  2. Посебно разматете брашно со малку вода па измешајте во врелата чорба. Оставете да се готви уште малку. Не заборавајте на бибер и лимон кои на оваа чорба и даваат посебен вкус.
  3. Послужете со коцки леб кои благо сте ги пропржиле во тава.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*