Полнета проја со блитва и свински врат (Видео)

Полнета проја со блитва и свински врат (Видео)

Доколку сакате проја, овој рецепт ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 2 чаши пченкарно брашно (од 200 гр чаша)
  • 1 чаша гриз
  • 50 мл масло
  • 1/2 прашок за печиво
  • малку квасец
  • 300 гр сирење
  • 200 гр свински врат
  • 3 јајца
  • кисела вода
  • 1 веза блитва
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Блитвата обварете ја, исечкајте и посолете. Во чинија измешајте пченкарно брашно и гриз, додајте сол, разматени јајца и 100 гр сирење. Додајте масло и квасец, прашок за печиво и кисела вода, па добро измешајте да биде кашесто.Намастете го плехот. Измешајте го остатокот од сирењето и блитвата. Свинскиот врат испржете го на малку масло од двете страни. 
  2. Во плех ставете малку брашно, распоредете па од горе додајте свински врат.

     

  3. Од горе ставете пченкарно брашно па покријте го свинскиот врат. Преку брашното распоредете блитва и сирење, па од горе остатокот од брашното.

     

  4. Печете на 200 степени околу 30-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*