Деликатес кој крчка: Мусака без компир со пилешко и шампињони

Деликатес кој крчка: Мусака без компир со пилешко и шампињони

Направете вкусна мусака со пилешко месо и печурки.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко
  • 300 гр. шампињони
  • 50 мл. масло
  • 1 кромид
  • 3 чешни лук
  • 300 гр. павлака
  • 3 јајца
  • сол и бибер
  • 200 мл. вода

Подготовка:

  1. Се сече ситно пилешкото и се пржи на загреано масло од сите страни.
  2. Се трга од маслото и се додава во маслото исечениот кромид со лук и со малку вода, па се динста, а потоа се враќа пилешкото и се става цела вода, па 15 минути се крчка.
  3. Се додаваат и убави исчистените и исечени печурки и се остава се заедно уште 5 минути.
  4.  Се ставаат во плех месото со печурките па се додава павлака измешана со јајца и зачини па се прелива мусаката.
  5. Се пече на 200 степени 30 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Луди компири од рерна

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата