Домашни и брзи: Киндер обланди со два фила

Домашни и брзи: Киндер обланди со два фила

Направете брзи и лесни киндер обланди.

Состојки:

  • 600 гр. шеќер
  • 200 мл. вода
  • 3 листа обланда
  • 600 гр. млеко во прав
  • 250 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколадо

Подготовка:

  1. Се ставаат водата и шеќерот на шпорет и се варат 10 минути.
  2. Се растопува чоколадото на пареа.
  3. Се мати маргарин со млекото во прав, па се додава врелиот истопен шеќер, се мати околу две минути и се дели смесата на два дела.
  4. Во еден се става чоколадото.
  5. На првата обланда се става чоколаден фил, на втората обичен, па третата се става најгоре.
  6. Добро притиснете и оладете.
  7. Горе декорирајте со чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта