Одличен рецепт: Сочен колач со јаболка (Видео)

Одличен рецепт: Сочен колач со јаболка (Видео)

Брзо се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 5 јајца
  • 250 гр брашно
  • 100 гр ореви
  • 700 гр јаболка
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици какао
  • кора од лимон
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр чоколадо
  • цимет

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте мелени ореви, суво грозје, путер, кора од лимон, брашно со прашок за печиво и добро измешајте. 
  2. Поделете на половина и во еден дел додајте какао. Плехот намастете го и посипете го со брашно. Јаболката исчистете ги и изрендајте, па засладете ги по желба и додајте малку цимет. 
  3. Во плех прво ставете го темниот дел па исцедените јаболка и преку прекријте го светлиот дел. 
  4. Печете на 180 степени околу 40 минути. Прелијте со чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*