Пити со сирење – мини залаци со двојно фил

Пити со сирење – мини залаци со двојно фил

Ви треба половина час за превкусна пита, а состојките се доволни за осум лица.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 3 јајца
  • 250 гр. сирење
  • 300 гр. кисело млеко
  • 3 лажици масло
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • сусам

Подготовка:

  1. Се матат јајцата и се додава кисело млеко и сода, се чека да се активира и се додава масло и прашок за пециво.
  2. Се рони сирењето посебно.
  3. Се зема една кора и се прска со масло, се става втора кора над неа и се премачкува со фил, па се става сирење.
  4. Се превиткува на пола по должина кората и се мачка пак од горе со фил и сирење, па се завиткува и се става во плех за печење.
  5. Се оставаат две лажици фил, се редат сите пити на плех со масло и се премачкуваат со оставениот фил во кој се става и малку масло, па се става сусам.
  6. Се печат на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text