Еве како да подготвите совршен говедски гулаш

Еве како да подготвите совршен говедски гулаш

Еве како да подготвите совршен говедски гулаш!

Состојки:

  • малку бибер
  • 600 гр говедско месо
  • 6 лажици масло
  • 1 морков
  • 2 парчиња ловоров лист
  • 250 мл сок од домати
  • 1 лажичка босилек
  • 2 лажици зачин
  • сол по вкус
  • 1 лажичка магдонос
  • 600 гр кромид
  • 2 лажички црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Излупете го кромидот и ситно исечкајте го. На претходно загреано масло пржете го кромидот додека не добие темно жолта боја. Откако кромидот ќе биде добро пропржен, налејте вода и оставете да се динста околу 20 минути. Во меѓувреме, исечете го месото на коцки.
  2. Кога кромидот ќе се издинста, додајте црвена пипер, исечкан морков, ловоров лист. Долијте вода, измешајте, додајте магдонос и оставете да крчка. Доколку е потребно, од време на време, доливајте вода.
  3. Петнаесет минути пред да биде готов, додајте зачин и доматен сок, па посолете и побиберете по вкус. Што подолго се готви, гулашот е поубав. Не заборавајте да го измешате гулашот од време на време. На самиот крај, додајте лажичка босилек и гответе уште 2-3 минути.
  4. Послужете го гулашот со макарони, компир пире или ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text