Евтини триаголници со фета и пица фил – вкусни се и кога се оладени

Евтини триаголници со фета и пица фил – вкусни се и кога се оладени

Евтино и топло предјадење, пита триаголници. Одлични се и ладни.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 200 гр. фета
  • 1 јогурт
  • 200 гр. шунка
  • кечап, оригано
  • масло и сусам

Подготовка:

  1. Се мати сирењето со јогуртот, па се трга на страна.
  2. Се вадат корите, се земаат 3 кори, се премачкува долниот дел со сирењето, се става кечап, оригано и сечена шунка.
  3. Се прават триаголници.
  4. Се повторува постапката додека има фил и кори.
  5. Се редат во тепсија со хартија за печење и малку масло, па се става сусам на нив.
  6. Се печат на 200 степени додека не поруменат.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт