Меки посни палачинки, тенки и вкусни како мрсни

Меки посни палачинки, тенки и вкусни како мрсни

Уживајте во омилениот десерт и во деновите на пост…

Состојки:

  • 1 л топла вода
  • 500 гр брашно
  • 1,5 лажици шеќер
  • 8 лажици масло
  • 1,5 лажички прашок за печиво
  • 1,5 лажички сода бикарбона
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во брашното измешајте ги состојките, па додајте вода. Сè измешајте рачно со жица за матење и печете ги палачинките во тефлонска тава. Пред печење на секоја палачинка ставете капка-две масло. 
  2. Напомена: Од оваа мерка се добиваат околу 20 палачинки, зависно од тоа колку тесто ставате. Може да се случи да бидат малку крути по печењето, но сè што треба да направите е да ги оставите да отстојат 15 минути, па фино ќе омекнат.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text