Памук кифлички – најмеките кои сте ги пробале до сега

Памук кифлички – најмеките кои сте ги пробале до сега

Направете вкусни кифлички за појадок.

Состојки:

  • ½ л. млеко
  • 800 гр. брашно
  • 1 квасец
  • 1 шолја мала масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 маргарин
  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

  1. Се раствара квасецот во млако млеко и се додава масло со сол и брашно. Се меси тести.
  2. Се развлекува и се премачкува со половина маргарин, па се преклопува и се остава 20 минути.
  3. Повторно се расукува и се премачкува со останатиот маргарин, па се остава уште 20 минути.
  4. Повторно се развлекува и се сече на траки, се виткаат кифлички и се премачкуваат со разматено јајце па им се става сусам.
  5. Се печат на 200 степени 30-40 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

 

singlepost_text