Мафини со малини и чоколадо

Мафини со малини и чоколадо

Направете вкусни мафини со малини и чоколадо.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 125 гр. путер
  • 150 гр. малини

Подготовка:

  1. Се топат заедно чоколадото и путерот на пареа, се матат со миксер белките со шеќер, па потоа се додаваат жолчките и се матат да се соединат, па се меша брашното со жица во смесата.
  2. Се додава оваа смеса со постојано мешање во чоколадото и се ставаат измиени и исцедени малини.
  3. Се става малку масло во калап за мафини и се става смесата, се ставаат и горе малини за декорација.
  4. Се печат на 220 степени 10 минути.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text