Топли, меки и сочни: Крофни со јаболка кои се топат

Топли, меки и сочни: Крофни со јаболка кои се топат

Направете вкусни крофни со јаболка.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 100 гр. густин
  • 100 гр. шеќер
  • 2 јаболки
  • 2 јајца
  • 400 мл. јогурт
  • 50 мл. ракија
  • 1 лимон
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1 портокал

Подготовка:

  1. Се ставаат јајцата во сад и се матат, се додава и јогурт, па шеќер.
  2. Се лупат и рендаат јаболките, се додаваат и тие.
  3. Се додава и ванилин шеќер и кора од лимон рендана, па кора од портокал рендана.
  4. Се става ракија и брашно со густин и прашок за пециво.
  5. Се меша и соединува.
  6. Се остава 15 минути тестото и се земаат со лажица делови, се прават крофни и се пржат во шерпа со масло.
  7. Се ставаат потоа на салфета.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text