Плескавици со овесни снегулки

Плескавици со овесни снегулки

Вкусни плескавици со овесни снегулки…

Состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 150 гр мелени овесни снегулки
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • бело сирење

Начин на подготовка:

  1. Во месото додајте снегулки, магдонос, сол и бибер. Добро измешајте ги состојките и оставете ги околу десет минути снегулките добро да се соединат со месото. 
  2. Земајте од месото, обликувајте плескавица, на средина додајте лажица сирење, преклопете ја плескавицата и со прсти притиснете и затворете ги рабовите. 
  3. Пржете на врела маст со внимателно вртење неколку пати. Послужете ги плескавиците топли со прилог по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text