Посна компир салата со сусам и туна

Посна компир салата со сусам и туна

Вкусна комбинација од сусам, туна, мајонез и лук.

Состојки:

  • 1,3 кг компири
  • 200 гр посен мајонез
  • 100 гр печен сусам
  • 200 гр туна од конзерва
  • веза листови магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 1-2 лажички сол
  • 2 лажички оцет

Начин на подготовка:

  1. Компирите згответе ги во лушпа па излупете ги и исечкајте ги на коцки. Сусамот пропржете го. Измешајте мајонез, туна (и маслото од конзервата), изрендан лук, исечкани листови, оцет, посолете па измешајте со компирите.
  2. Послужете веднаш, но најдобро е да отстои еден час за вкусовите да се измешаат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text