Сочно месо лесно за подготовка: Батаци на грчки начин

Сочно месо лесно за подготовка: Батаци на грчки начин

Направете полнети батаци на грчки начин.

Состојки:

  • 4 батаци со карабатак
  • 150 гр. моцарела
  • 10 маслинки
  • 1 лимон (сок)
  • 3 чешни лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажички сол и малку бибер
  • путер за подмачкување

Подготовка:

  1. Се прави маринада од лимонов сок со сечен лук и маслиново масло, како и зачини.
  2. Се ставаат батаците во чинија и се полеваат со маринадата па се оставаат половина час.
  3. Се подмачкува сад со путер, се распоредуваат батаците, се става и остатокот од маринадата и се печат на загреана рерна на 200 степени 35 минути.
  4. Се става горе моцарела рендана, сечени маслинки и се пече уште 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text