Направете вкусен кремаст ручек со карфиол.
Состојки:
- 1 кг. карфиол
- 1 лажица вегета
- 100 мл. масло
- 2 лажици брашно
- 500 мл. млеко
- вода по потреба
- кашкавал
Подготовка:
- Се чисти карфиолот, се мие и дели на цветови, па се вари во солена вода 15 минути, а потоа се цеди и лади.
- Се загрева масло на друга шерпа со брашно и се меша, па се става и млеко.
- Се става малку вода за да се добие смеса погуста од јогурт.
- Се трга од оган и се става вегета.
- Се загрева рерната на 200 степени и се става во тепсија карфиолот, се става сосот и се пече 15 минути, па се става кашкавал и се пече уште 15.
- Се служи топло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт