Одличен колач, брзо се прави и навистина е меден, баш како медено срце.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 4 лажици џем
- 250 гр шеќер
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
- 270 мл вода
- 90 мл масло
- 200 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200-220 степени.
- Во голема чинија измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво, сода, цимет, вода и масло. Додајте и 100 гр рендано чоколадо. Излејте во плех и печете 30-40 минути.
- Додека колачот е врел, премачкајте го со џем. Кога ќе се излади прелијте го со уште 100 гр растопено чоколадо.
- Дополнителен совет: Наместо рендано чоколадо, во колачот можете да ставите и неколку лажици џем.
- Доколку не правите посна варијанта, водата можете да ја замените со млеко.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Верина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта