Неодоливи мафини со јаболка и аронија

Неодоливи мафини со јаболка и аронија

Вкусен десерт од јаболка и аронија – ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 130 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 мл јогурт
  • 70 мл масло
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 поголемо јаболко
  • околу 50 зрна аронија
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте јогурт и масло, па брашно и прашок за пециво. Измешајте. Јаболкото исечете го на ситни парчиња. 
  2. По лажица-две од смесата ставајте во калапи за мафини. Потоа во секој калап додавајте ситни парчиња јаболка и по две-три зрна аронија. Преку ставајте уште по лажица-две тесто. 
  3. Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени. 
  4. Изладените мафини посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text