Совршен спој: Кокос кифли со чоколадо (Видео)

Совршен спој: Кокос кифли со чоколадо (Видео)

Овој рецепт е стар 30 години, пробајте и уверете се сами дека е фантастичен.

Состојки:

  • 350 гр меко брашно
  • 200 гр путер или маргарин
  • 100 гр кокос
  • 80 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 50 гр чоколадо за готвење за украсување
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете брашно, па додајте путер на собна температура. Соединете па додајте шеќер во прав, кокос и јајце. Замесете глатко тесто и правете кифлички. Шеќерот во прав и брашното просејте го да не останат грутки. 
  2. Печете на 180 степени околу 15 минути, зависи од печката. Оставете да се изладат. 
  3. На слаб оган, пареа или во микробранова растопете чоколадо и ставете масло, соединете, па врвовите на кифлите потопете ги во чоколадо.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Душкина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text