Фантастичен посен оброк: Вкусни полнети шампињони

Фантастичен посен оброк: Вкусни полнети шампињони

Фантастичен посен оброк…

Состојки:

  • 300 гр крупни шампињони
  • 100 гр сечкани тиквици
  • листови магдонос или целер
  • 1 лажичка зачин
  • 1 лажица презла
  • сечкани дршки од шампињони
  • неколку чешниња лук
  • 1 сечкан морков
  • 1/2 струк праз
  • 1 свеж домат исечкан на кругови
  • бибер
  • кечап
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз, додајте морков, тиквица, дршки од печурки, потоа презла, па кога ќе се испржи додајте листови целер, зачин, лук… 
  2. Полнете ги шампињоните кои сте ги наредиле во тепсија во која сте ставиле хартија за печење. 
  3. Намастете од горе, ставете кругови домати. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да поруменат. Додајте преку секоја печурка по малку кечап. 
  4. Послужете топло како главно јадење или како предјадење.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text