Направете вкусни солени палачинки за појадок.
Состојки:
- 6 палачинки
- 200 гр. кајмак
- 100 гр. кечап
- 250 гр. шунка
- 150 гр. кашкавал
- 10 маслинки
- 1 лажиче оригано
- 1 јајце
- 200 мл. јогурт
- малку сол
Подготовка:
- Се прават палачинки на вообичаен начин, а може да користите и купечки.
- Се премачкуваат со кајмак и кечап, па се редат кругови шунка и рендан кашкавал, оригано и сецкани маслинки.
- Се завиткуваат палачинките,, па се ставаат во подмачкан плех.
- Се мати јајце со јогурт и сол и се става врз палачинките.
- Се печат на 220 степени околу половина час.
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси