Пилешки карабатаци полнети со спанаќ

Пилешки карабатаци полнети со спанаќ

Вкусен ручек – пилешки карабатаци полнети со спанаќ…

Состојки:

  • 4 пилешки карабатаци
  • 125 гр спанаќ
  • 1 чешне лук
  • 125 гр младо сирење
  • 2 лажички рендан пармезан
  • 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
  • прстофат мускатно оревче
  • сос од домати

Начин на подготовка:

  1. Прво направете фил. Добро исцедете го спанаќот, ставете го во сад заедно со испасиран лук, сирење, пармезан, кора од лимон и мускатно оревче. Мешајте додека масата не се соедини. 
  2. Со прсти раздвојте ја кожата од месото, почнувајќи од крајот. Ставете го филот под кожата на карабатаците.

     

  3. Во огноотпорен сад наредете го подготвеното пилешко, премачкајте со растопен путер и печете во рерна 35-40 минути на температура од 180 степени.

     

  4. Печеното јадење прелијте го со сос од домати и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text