Зимата не е зима без кисела зелка – најбрз и едноставен рецепт за киселење

Зимата не е зима без кисела зелка – најбрз и едноставен рецепт за киселење

Киселата зелка е незаменлив дел од трпезата во зима.

Има многу рецепти за киселење зелка, а овој е најлесен.Се ставаат килограм сол на 30 килограми зелка.

Ви требаат кило сол, 30 кила зелка, памучна крпа, тегла.

Се чистат главиците зелка од површинскиот слој, се мијат и се засекуваат, односно им се отстрануваат кочаните,па се става сол длабнатините.

Се редат во буре, неколку се сечат на четвртини и половини и се ставаат помеѓу за да се заглават односно цврсто да стојат.

Истурете го остатокот од солта во бурето.

Се става вода два прста над зелката, се става нешто тешко кое ќе притиска.

Затворете го бурето и доливајте вода по потреба наредните денови.Секогаш водата треба да е над зелката.

Зелката е готова по 40 дена.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text