Рецепт за најубавиот прелиен посен колач (Видео)

Рецепт за најубавиот прелиен посен колач (Видео)

Толку сочен и вкусен – ќе го обожавате!

Состојки:

  • 450-500 гр брашно
  • 500 гр рендани јаболка
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 100 гр шеќер
  • 50 мл масло

Состојки за прелив:

  • 200 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
  • сок од портокал

Начин на подготовка:

  1. Во ренданите јаболка додајте ванила, цимет, ореви, масло и шеќер и добро измешајте. Во брашното додајте прашок за печиво, сода бикарбона и добро измешајте и тоа додајте го во јаболката. 
  2. Добро измешајте да се соедини. Намастете плех од 26 см и побрашнете го, па ставете го тестото и израмнете. Печете во рерна на 190 степени 40 минути. На половина од печењето може да се покрие со фолија доколку почне да гори. Печениот колач добро изладете го и исечкајте го на коцки. 
  3. Во тенџере ставете шеќер, вода, ванила, исцедете еден портокал и гответе околу 6-7 минути, па прелијте го изладениот колач. Оставете да впие и добро да се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text