Пита од лиснато тесто и јаболка

Пита од лиснато тесто и јаболка

Вкусна пита од лиснато тесто и јаболка…

Состојки:

  • лиснато тесто
  • 1,5 кг јаболка
  • 4-5 лажици шеќер
  • 100 гр суво грозје
  • 1 рака мелени ореви
  • 2 лажици презла
  • малку путер
  • цимет
  • ванилин шеќер
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. На малку путер издинстајте излупени јаболка (половина од јаболката изрендајте ги, а половина исечкајте ги на коцки). 
  2. Динстајте 7-8 минути, додека малку омекнат, па додајте шеќер, ванилин шеќер, суво грозје, мелени ореви, презла и доста цимет. Динстајте уште 2-3 минути и оставете да се излади. 
  3. Развлеченото лиснато тесто развлечете го и исечкајте го на квадрати. 
  4. Филувајте, свиткајте и печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. 
  5. Посипете со шеќер во прав и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед