Повкусни компири не сте пробале…
Состојки:
- 1 кг компири
- 400 гр говедски колбаси
- 4 јајца
- 700 мл млеко
- презла
- путер
Начин на подготовка:
- Компирите и колбасите исечкајте ги на кругови.
- Со путер премачкајте огноотпорен сад и посипете го со презла.
- Редете прво ред компири, па ред колбаси додека не го потрошите материјалот, со тоа што на врвот ќе има компири.
- Во посебен сад разматете јајца, млеко, чаша презла и чаша масло. Прелијте ги компирите со оваа смеса.
- Загрејте ја рерната на 250 степени, печете ги компирите десетина минути, потоа намалете ја температурата на 200 степени и печете уште половина час.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт