Подгответе грав на егзотичен начин.
Состојки:
- 500 гр грав
- 4 главици кромид
- 2 чешниња лук
- лист ловор
- црвена пипер
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Гравот налијте го со ладна вода и гответе до вриење. Исцедете го, налијте со врела вода и гответе додека не омекне, а потоа исцедете го.
- Издинстајте исечкан кромид. Додајте му малку мелен бибер, црвена пипер и сол. На дно на тепсија рамнометно ставајте ред грав, преку него ред испржен кромид и така додека не ја потрошите масата. Последниот ред мора да биде грав.
- Од горе ставете лист ловор, две чешниња лук и по желба една сува лута пиперка. Добро залијте со масло. Печете во загреана рерна околу половина час.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи